• вторник, 02 јули 2024

МВР: Санкционирани 103 возачи на мотоцикли во Скопје

МВР: Санкционирани 103 возачи на мотоцикли во Скопје
Скопје, 5 јуни 2022 (МИА) - Во рамки на денешната засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, полицијата санкционирала 103 возачи.
Од нив, како што информираат од МВР, 63 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 27 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта. сст/дма/

Остани поврзан