• четврток, 19 декември 2024

МВР: Во потрагата по Петар вклучени над 100 полициски службеници, хеликоптер и дрон

МВР: Во потрагата по Петар вклучени над 100 полициски службеници, хеликоптер и дрон
Скопје, 27 февруари 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека во потрагата по 10-годишниот Петар Џобоски се вклучени 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња и дрон.
Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села и доброволци од неколку градови.
- Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата., стои во соопштението од МВР.
Исчезнувањето на Петар го пријави неговиот татко во петокот на 25 февруари. бак/

Остани поврзан