• четврток, 21 ноември 2024

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023“

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023“

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информаше дека МВР во координација со Амбасадата на САД спровело тактичка вежба „Лебед 2023”, што, како што посочи, претставува уште една потврда како за меѓусебното пријателство и партнерство, така и за придонесот на Република Северна Македонија во најмоќната политичко-безбедносна НАТО Алијанса.

-Силно ја цениме поддршката која нашиот главен стратешки партнер Соединетите Американски Држави ни ја даваат преку Амбасадата на САД во сите процеси кои значат безбедна и напредна држава, особено во евроинтегративните процеси.
Со ова партнерство, со храбрите државнички одлуки со кои го заштитивме националниот идентитет и со функционалните политики на дијалог и разбирање, денеска Република Северна Македонија е фактор на стабилност и на безбедност во регионот и Европа, напиша Спасовски во објава на Фејсбук.

Тој истакна дека пријателството со САД претставува гаранција за стабилноста на Северена Македонија, но и на регионот.

-Дотолку повеќе што рефлектира и на засилената економска соработка и големиот интерес за инвестирање во земјава. Благодарност до амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер, за континуираната поддршка во меѓусебната соработка, за која уверувам дека продолжува со ист интезитет, додаде Спасовски. ац/

Фото: МВР

Остани поврзан