• сабота, 24 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 20 август 2023 (МИА) - На 19.08.2023 во 13,30 часот во Скопје, на подрачје на Карпош, од полициски службеници е лишен од слобода 15-годишен малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.08.2023 во 01.20 часот во Скопје, на подрачје на Бит Пазар, од полициски службеници е лишен од слобода М.И.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.08.2023 во 22.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.П.(23) од охридското село Куратица. При претрес извршен со судска наредба во куќа во Охрид каде престојувал, полициските службеници пронашле и одзеле бела грутчеста материја, најлонски опаковки со траги од бела прашкаста материја и пари. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатата вечер  (19/20.08.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на  СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата  санкционирани се 58 возачи од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, 6 во Крушево , 5 во Македонски Брод, 3 во Ресен и 2 во Демир Хисар. Во Прилеп е санкциониран и возач кај кого се измерени 4,55 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци. 

На 19.08.2023 во 13.00 часот во Охрид на бул.„Туристичка“, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(51) од Гостивар, удрило во С.Ш.(67) од Охрид. По несреќата, С.Ш. била пренесена во болницата „Св. Еразмо“-Охрид, каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

На 19.08.2023 во 22.00 часот во Гостивар, во населба Фазанерија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од А.Д.(45) од Гостивар, и патничко моторно возило „тојота“, сопственост на МВР. По несреќата, возачот на мопедот А.Д. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за управување под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник...

На 19.08.2023 околу 17,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од Тетово излетало од коловозот и удрило во паркирани возила на авто плац. Според пријавеното од С.И., таа изгубила контрола над возилото откако друго возило, кое напуштило лице место, и го попречило движењето. По несреќата С.И. и нејзините сопатници А.А.(81) и М.А.(80), двајцата од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „8 ми Септември“ каде од лекар на А.А. му се констатирани тешки телесни повреди, а на С.И. и М.А. им се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

На 19.08.2023 во 11.50 часот во Полициска станица Центар Л.П.(57) од Скопје пријавила дека во дворот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.

На 19.08.2023 во 16.00 часот во Полициска станица Центар Џ.Д.(34) од  Охрид пријавил дека во градскиот трговски центар во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 19.08.2023 во 21.20 часот во Полициска станица Центар Ј.К.(54) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 19.08.2023 во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во с.Јаргулица, радовишко, А.А.(34) од Радовиш управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од лекар во Јавна здравствена установа во Радовиш. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

Остани поврзан