• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - На 19.11.2024 во 05.20 часот на автопатот Гевгелија– Скопје, кај место викано „Милци“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки  Богородица го лишиле од слобода А.Б.(35) од с.Арачиново, скопско. Полициски службеници забележале како во возилото „крајслер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, влегуваат група на лица – мигранти. Возилото било сопрено и во негова близина биле пронајдени девет лица мигранти од Иран, кои претходно излегле од возилото.  Мигрантите билe пренесени во прифатно– транзитен центар во Гевгелија, а А.Б. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по член 418 - б - „Криумчарење мигранти“ од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка на А.Б. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.   

На 19.11.2024 во 10.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Табановце го лишиле од слобода А.С.(38) од с.Црнилиште, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина “  по член 380 од Кривичниот законик. На влез во државата била извршена контрола на патничкото возило „мини купер“ со швајцарски национални ознаки, со кое патувал, при што било констатирано дека ВИН бројот на возилото не се совпаѓа со ВИН бројот во сообраќајната дозвола на возилото. Лицето и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. По  целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.     

На 19.11.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(54) од Скопје. При претрес во домот и подрумските простории на пријавениот, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 19.11.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 19.11.2024 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Г.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 19.11.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 19.11.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Џ.(56) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 19.11.2024  во 13.35 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го привеле Е.М.(38) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 19.11.2024 околу 18.00 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.11.2024 во 18.40 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(30) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 19.11.2024 во 21.20 часот на регионален пат во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода М.М. (20) од тетовско Синичане затоа што при преглед во патничкото возило „ауди“ со тетовски регистарски  ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. 

На 19.11.2024 во 11.40 часот во с.Суводол, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Г.С.(34) од Демир Хисар и В.Н.(21) од с.Суводол затоа што при преглед на патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С., а сопатник бил В.Н., била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. 

На 19.11.2024 во 19.15 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.И.(31) од с.Алданци, крушевско, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. 

На 19.11.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.П.(40) од Скопје пријавил дека во двор од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје,  неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 19.11.2024 во 15.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.С.(60) од Скопје пријавила дека на  ул.„Вашингтонска“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 19.11.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.К.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

Остани поврзан