• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - На 29.10.2024 во 22.45 часот во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(20) од Гостивар, кај кого била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.10.2024 околу 23.10 часот на булевар ,,Илинденска“ во Тетово, во близина на градскиот плоштад, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода А.Љ.(47) од Скопје, кој бил со патничко возило ,,волво“ со скопски регистерски таблици. При извршен преглед над него и возилото, биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од кокаин. А.Љ. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.   

На 29.10.2024 во 13.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.О.(48) од Германија, поради тоа што при проверка на патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а кое било сопственост на О.О. од Турција, констатирано било дека патничкото возило било барано од Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.   

На 29.10.2024 во 23 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.А.(36) од с.Петровец, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На 29.10.2024 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.10.2024 во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ј.А.(18) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.10.2024 во 15.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.О.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.10.2024 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.10.2024 во 21.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.К.(61) од Штип, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.10.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Аеродром, А.М.(69) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 29.10.2024 во 17.35 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 29.10.2024 во 13.10 часот во СВР Штип, З.С.(49) од Штип пријавил дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип бил каснат од куче.

Остани поврзан