• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - На 26.11.2023 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека на 24.11.2023 од трговски објект на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Д.Д. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ - подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.Н.(59) и Е.Н.(35), двајцата од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загaдувaње на животна средина и природа со отпад“ и „узурпација на недвижности“. Тие, на 25.09.2023 на две локации на државно земјиште во Струга, без соодветна дозвола, извршиле импровизирано оградување на просторот каде неовластено вршеле собирање, откуп и продажба на отпаден материјал.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При контрола, извршена на 03.11.2023, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога го затекнале пријавениот во близина на неговиот дом во Охрид и при извршен преглед кај него пронашле и одзеле кокаин.   

На 26.11.2023 од 10.00 до 16.00 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, а во која вкупно биле изречени 136 мерки. При контролата биле откриени и санкционирани 78 возачи (ТЕ-29 и ГВ-49) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Четири од нив (ТЕ-3 и ГВ-1) пречекориле за повеќе од 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 19 (ТЕ-9 и ГВ-10) за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 29 возачи (ТЕ-11 и ГВ-18) кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, како и 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-4). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од големината на пречекорувањето. На оние кои  пречекориле за повеќе од 30, 50 и 70 километри на час, во или надвор од населено место, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. 

На 26.11.2023 околу 23.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на с.Чегране, гостиварско, три лица физички  нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија. Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени. Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Имено, на 04.10.2023 од страна на ОКП, по извршена вонредна контрола и претрес со судска наредба, во координација со Комисијата оценување исполнетост на условите во однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство биле констатирани неправилности во работењето на фабриката, одземените насади канабис биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, по што била поднесена кривична пријава против правното и одговорното лице согласно Законот за контрола на опојни дроги и покрената постапка за одземање на лиценцата.

На 26.11.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 65 прекршоци, од кои 39 надвор од населено место и 26 во населено место (18 - Делчево, 16 – Свети Николе, 9 – Штип , 7 - Виница, 7 – Берово, 6 – Кочани и 2 - Пробиштип). Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 3 за управување возило под дејство на алкохол и 2 за некористење на сигурносен појас. 

На 26.11.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 65 прекршување на брзината, од кои по 18 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Валандово и 13 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 40 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. 

На 26.11.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, и тоа во Охрид-20, Струга-12, Кичево-14 и во Дебар-16. 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(64) и С.С.(39), двајцата од Кичево, вработени во Шумското стопанство „Лопушник“-Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Двајцата, во текот на 2022 година, со пропуштање на должен надзор во рамките на своите овластувања, овозможиле двојно книжење и двојно плаќање на фактури кон правен субјект од Скопје, со што на ЈП „Национални шуми“ му предизвикале штета од 334.758 денари.

На 26.11.2023 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Добровиќ“ настанал пожар, при што било опожарено сандаче со повеќе струјомери и осигурувачи. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.08.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 27.11.2023 во 08.35 часот, З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(33) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На  02.08.2022 во двор на подрачното основно училиште во село Пепелиште, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.  

На 26.11.2023 во 16.25 часот во СВР Скопје, Е.С.(22) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од С.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 26.11.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Гази Баба била физичка нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.Ј.(25) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.11.2023 во 22.20 часот во СВР Битола, М.Ј.(25) од Битола пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ била касната од куче скитник. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”. Пријавениот, врз основа на довербата од О.Ј. од Куманово, од неа земал за употреба патничко возило „опел корса“, а откако таа побарала да ѝ го врати возилото, пријавениот одбил и почнал да ѝ се заканува.

На 26.11.2023 во 05.52 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека било влезено во финансиско друштво на ул.„Маџари“ и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 26.11.2023 во 14.20 часот во СВР Тетово, З.К.(73) од гостиварско Врапчиште пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П.(31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.07.2022, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и во возилото, во кое бил со уште две лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 26.11.2023 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража во куќа на ул.„Среќко Пужалка“ настанал пожар, при што било опожарено патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.М.(82) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.П.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 08.11.2023 во Дебар, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека истиот вршел такси дејност без да поседува соодветна лиценца. 

 

На 26.11.2023 во 22.00 часот во Полициската станица Карпош, А.М.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Козле“ бил каснат од куче скитник. 

 

 


фото 

Остани поврзан