• вторник, 05 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност". Имено, на 19.12.2023 на ул."Кире Базерко" во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б.. Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска (21.12.2023) до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност" од Кривичниот законик. 

На 21.12.2023 во 12.50 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н. (51) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени 550 парчиња пиротехнички средства. А.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 20.12.2023 околу 16.00 часот во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.Н.(27), а на службен разговор е повикан И.Д.(24), двајцата од селото Враништа. Во село Долна Белица, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што А.Н. исфрлил ќеса со марихуана, која била пронајдена и одземена. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 20.12.2023 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.Т.(44) од Гевгелија затоа што околу 10.45 часот во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје физички ја нападнал медицинската сестра Н.Р.Б.(41) од скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.12.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 55 возачи. 

Вчера (20 декември) од 10.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачите - дали и колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. Притоа, биле санкционирани вкупно 24 возачи (ТЕ-19 и ГВ-5) кои не ги пропуштиле пешаците на обележани премини. На прекршителите им се изготвени поднесоци со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, се движат од 200 до 250 евра во денарска противвредност. На оние со изречена глоба од 250 евра времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-3). 

На 20.12.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци од кои 13 надвор од населено место и 5 во населено место. Санкционирани биле и 37 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 4 за некористење сигурносен појас, 8 за користење мобилен телефон, 3 за прекршоци сторени од пешаци и 17 за непрописно паркирање. 

На 20.12.2023 во 20.10 часот во СВР Скопје, 31 - годишна жена пријавила дека околу 14.10 часот во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Г.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.12.2023 во 20.20 часот во СВР Скопје, И.М.(72) од с.Марино, скопско пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.12.2023 во 21.30 часот во СВР Скопје, Г.Б.(44) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.12.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје, Б.И.(45) од Скопје пријавил дека на 15.12.2023 околу 19.50 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.12.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.Ц.(18) од Скопје пријавил дека околу 12.50 часот во близина на средно училиште на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.12.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје, 52 - годишен маж од Скопје пријавил дека на  19.12.2023 околу 20.45 часот во домот во скопско, неговиот малолетен син физички ја нападнал својата сестра, а потоа со остар предмет му се заканил нему. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 21.12.2023, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар било постапено по претходна добиена пријава од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека на 17.12.2023 во Клиниката за Токсикологија е примено машко лице, кое претходно од екипа на Итна медицинска помош било донесено и каде починало. По преземени мерки од полициски службеници било утврдено дека се работи за лицето С.П.(52) од Скопје. Тој бил предаден во Институт за судска медицина за обдукција, а по извршената обдукција телото на починатиот било предадено за погреб. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.З.Е.(23) од Република Турција, со привремен престој во Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „учество во тепачка“ и против Б.У.(22) и Е.Б.Д.(23), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 14.12.2023 во Штип, пријавените физички ги нападнале А.О. и Е.О., двајцата од Република Турција, со привремен престој во Штип, при што М.З.Е. со остар предмет им нанел повреди. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 15.10.2023 во Прилеп, пријавениот физички го нападнал З.Т.и му нанел тешки телесни повреди. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.В.(29) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.08.2022 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на две лица и пронашле марихуана која ја купиле од Ф.В.. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.С.(54) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.02.2023 во Прилеп, при преглед на товарно возило, пријавениот бил затекнат со уште едно лице и бил пронајден тетрахидроканабинол.   

 

Остани поврзан