• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 ноември 2023 (МИА) - На 12.11.2023 во 02.30 часот, во ноќен клуб во Охрид, од страна на полициски службеници приведен е М.И.(34) од Битола. Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога кај М.И. пронашле кокаин. По целосно документирање на настанот, против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.11.2023 во 15.45 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово, по претходно издадена судска наредба од Основен суд Тетово за спроведување  воспитна мерка во  поправен дом Тетово, бил приведен 16 годишен малолетник од Тетово кој бил баран поради негова инволвираност во повеќе кривични дела. Лицето е спроведено  во Воспитно- поправен дом Тетово за понатамошна постапка. 

На 12.11.2023 во 01.30 часот во близина на угостителски објект во с.Зубовце, гостиварско од полициски службеници од СВР Тетово е приведен С.С.(36) од с. Пирок затоа што при извршен преглед на патничко моторно возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, е пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.11.2023 во 16.50 часот во СВР Тетово од вработен во казино во Гостивар е пријавено дека во казиното дошле две лица кои размениле фалсификувани долари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.11.2023 во 17.15 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода Е.Г.(29) од Куманово и од него е одземен пиштол, затоа што, според пријавеното на семејна веселба на 11.11.2023 во с. Черкези, кумановско од пиштол испукал неколку куршуми, при што го повредил Е.М.(25) од Куманово. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.11.2023 во 00.32 часот во Полициска станица Куманово е пријавено дека пред угостителски објект во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ј.(35) и К.Б.(21), двајцата од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.11.2023 во 02.00 часот при акциска контрола во угостителки објект во с.Зубовско поле, во близина на автопатот Тетово – Гостивар, од страна на полициски службеници  од СВР Тетово се приведени Т.П.(30), М.Б.(35) двете од Р.Србија, А.Б.(50), Н.М.(49) двете од Р.Албанија и В.Р.(41) од Р.Косово, поради постоење основано сомнение дека истите го злоупотребиле туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.11.2023 во 00.50 часот во Гостивар од полициски службеници од СВР Тетово е лишена од слобода А.Б.(22) од Тетово затоа што го нарушила јавниот ред и мир. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.11.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24 часот на подрачје на Битола. При контролата легитимирани биле 200 лица во угостителски објекти на подрачјето, при што во угостителски објект во Битола затекнато е едно малолетно лице после 24 часот и констатиран прекршок по чл.31 од Законот за оружје, каде при извршен преглед кај Н.М.(25) од Битола пронајден е нож. Во времето од 02.00 до 03.00 часот, криминалистичката полиција во содејство со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, при  извршена акциска контрола во ноќен клуб во Битола изврши прегледи врз 63 лица. Констатирани се неправилности за кои ќе се поднесат соодветни поднесоци против прекршителите.

На 11.11.2023 во 23.15 часот во Полициска станица Кисела Вода 49-годишна жена пријавила дека истиот ден добила повик од нејзиниот малолетен внук дека е физички нападнат од неговата тетка. Преземени се соодветни мерки од страна на интервентен тим од ЈУ МЦСР Скопје и од Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.11.2023 во 02,00 часот во Полициска станица Аеродром 27-годишна жена од Штип пријавила дека околу 01,20 часот под Железничка станица Скопје, по претходно недоразбирање, била физички нападната во такси возило „рено“ со скопски регистарски ознаки од страна на такси возач А.М. (26) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.11.2023 во 01,22 часот во Полициска станица Штип било пријавено дека околу 01,00 часот на ул. „Партизанска“ во Штип се запалило патничко моторно возило „фиат пунто“ со штипски регистарски таблички, управувано од С.С.(26) од Штип, при што бил опожарен предниот дел на возилото (моторот). Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

На 11.11.2023 околу 21,25 часот во Полициска канцеларија Пехчево е пријавено дека во угостителски објект во Пехчево по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.К.(24) и С.Р. (35), двајцата од Пехчево. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.11.2023 околу 20.30 часот додека полициски службеник се движел со службено возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, по локалниот пат од с. Долно Блаце кон граничниот премин „Блаце“ неколку лица од кои претходно биле одземени криумчарени производи, се обиделе да му го блокираат патот, а М.Б. со тврд предмет го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.11.2023 во 20 часот во Полициска станица Драчево М.М.(32) од Скопје пријавила дека околу 19,40 часот на подрачје на Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.11.2023 околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се А.Т. и К.С. двајцата од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид. Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот, побарале помош во службата за Итната медицинска помош во Охрид а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај Д.Ј. биле констатирани тешки телесни повреди. Околу  10.30 часот во СВР Охрид, Б.Ј. и лично го пријави настанот. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Остани поврзан