• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - На 07.09.2023 во 23.30 часот во Неготино од полициски службеници од Полициската станица Неготино биле лишени од слобода Ќ.С.(28) од демиркаписко и А.Ј.(32) од неготинско, поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 07.09.2023 во 22.05 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.С.(52) од Штип, поради тоа што спречувал полициски службеник во вршење на службени дејства. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.   

На 08.09.2023 во 01.55 часот во Скопје од полициски службеници е лишен од слобода А.А.(27) од Скопје, затоа што се обидел да избега додека тие вршеле службени дејства и физички нападнал еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.09.2023 во 16.24 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово, скопско, во куќа сопственост на М.Ѓ.(50), настанал пожар во кој биле опожарени три соби. Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.Ф.(51) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.11.2022 на ул.„Иво Лола Рибар“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин. 

На 08.09.2023 околу 00.50 часот во Полициска станица Свети Николе е пријавено дека во општина Лозово, Б.Д.(55) од Крива Паланка паднал од поставена бина и се повредил. Лицето било пренесено во Општата болница Велес каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Свети Николе.

На 07.09.2023 во 16.40 часот во СВР Битола, А.Н.(44) од Битола пријавила дека во 03.00 часот во казино во Битола, каде била вработена, по претходна расправија, била физички нападната со тврд предмет од нејзината колешка И.Д.(21) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2023 во 17.30 часот во Куманово од полициски службеници е лишен од слобода А.Д.(38) од Куманово, затоа што околу 16.53 часот пред маркет во населба „Бабин Дол“ во Куманово, по претходна расправија, физички го нападнал И.П., при што употребил остар предмет, а притоа и самиот се повредил. Лицата се пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.09.2023 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 37 возачи, кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-16, Струга-04, Кичево-14, Дебар-03).

На 07.09.2023 во 22.01 часот било пријавено дека на регионалниот пат Неготино-Штип, спроти с.Лесковица, патничко возило „дачиа сандеро“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(47) од Штип, удрило во диво животно и излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

На 07.09.2023 околу 15.30 часот во гостиварско, од полициски службеници од полициска станица Гостивар се лишени од слобода А.А.(32) и З.И.(31) двајцата од с. Лакавица, гостиварско постапувајќи по пријава според која во с.Страјане, гостиварско, тие со огнено оружје усмртиле два коња. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(60) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На  19.07.2023 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило управувано од пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува дозвола од надлежен орган. 

На 07.09 во 21.40 часот во СВР Битола П.А(65) од Прилеп пријави дека во неговата семејна куќа на ул.„Цане Илиоски" во Прилеп настанал пожар, во кој биле опожарени три простории, при што биле пронајдени починати неговиот брат В.А.(61) и нивниот татко Љ.А.(92). Пожарот е изгаснат од страна на територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид се врши од страна на увидна екипа на ОВР Прилеп, вешто лице и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите ќе бидат предадени за обдукција. 

На 08.09.2023 во 01.40 часот во Полициска одделение Петровец Б.Т.(48) од Скопје пријавила дека од место викано „Куќа Колишевски“, кај црква „Света Богородица“, во близина на автопат Скопје-Велес се оддалечил нејзиниот свекор С.Т.(71) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.09.2023 во 09.20 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Прилеп е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.К.(63) и Д.Р.(40), двајцата од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2023 во 20.20 часот во СВР Битола, Г.Т.(41) од Битола пријавил дека околу 12.00 часот по претходни недоразбирања, тој и неговата мајка Е.П. биле физички нападнати од М.М., Д.Н. и уште неколку лица, при што Д.Н. се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2023 во 17.00 часот во СВР Скопје 35-годишна жена пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Н.(56). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 08.09.2023 во 01.16 часот СВР Скопје е пријавено дека пред Поликлиника Чаир од екипа итна медицинска помош биле затекнати повредени со остар и тврд предмет Б.П. и А.Л.(21) од Скопје кои, според пријавеното, по претходна меѓусебна расправија физички се пресметале. Лицата се пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а подоцна А.Л. бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 07.09.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 07.09.2023 во 19.10 часот во СВР Скопје М.С.(30) од Скопје пријавил дека во с.Кадино, по претходна расправија, бил физички нападнат од Т.С.(52). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред со меѓусебна пресметка помеѓу Ј.Н.С.(26) и М.П.(36), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.08.2022 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

На 08.09.2023 во 01.42 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Наум Охридски“ е донесено повреден 17-годишник од Скопје. Според пријавеното, тој околу 01.15 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат со остар предмет од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 07.09.2023 во 10.30 часот В.С.(43) од Штип пријавил дека на 01.09.2023 во Штип бил физички нападнат од Т.Н., Н.Н. и Ф.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 07.09.2023 во 23.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека М.М.(29) во домот во Тетово физички ги нападнал неговата 52-годишна мајка и неговата сестра. Тој претходно пријавил дека неговата сестра му се заканувала со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следува поднесок.

На 07.09.2023 во 20.50 часот во Полициската станица Драчево, А.И.(41) од с.Цветово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат А.И.(36). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.09.2023 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар од заталкано зрно била оштетена шофершајбна од патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.И.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.08.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

 

Остани поврзан