• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера околу 19:00 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров-Скопје, го лишиле од слобода З.Ј.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со амфетамин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  На ул.„Живко Чинго“ во Скопје, вчера во 22:15 часот полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека на 09.07.2021 извршил кривично дело „кражба“, при што од стовариште на подрачјето на Чаир одзел повеќе производи. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за користење мобилен телефон, шест мерки за возач почетник, пет санкции за некористење сигурносен појас...Во текот на вчерашниот ден (28.09.2022), во периодот од 14.00 до 20:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 123 пешаци, од кои 112 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... На 28 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 110 останати прекршоци.Вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 34 прекршоци, од кои 30 за преминување на улиците надвор од обележан пешачки премин и 4 за некористење на тротоари. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци.  Истиот ден, на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 12 прекршоци, од кои 9 надвор од населено место и 3 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 28 други видови на прекршоци, од кои 1 за управување нерегистрирано возило, 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за непочитување првенство на минување на пешаци, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 3 за некористење заштитна кацига и 8 за непрописно паркирање.Вчера, во периодот од 16:00 до 20:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола на возачите, колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците, но и колку пешаците се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 27 возачи (ТЕ-26 и ГВ-1) кои не им дале предност на пешаците, во најголем број  на обележани пешачки премини. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ги очекува парична глоба од 20 до 250 евра во денарска противвредност, а за најтешките прекршоци предвидена е и заштитна мерка - времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. Покрај ова, биле санкционирани и 15 пешаци (ГВ), кои ги преминувале улиците надвор од обележани пешачки премини, како и 12 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.Вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 15 пешаци кои преминале коловоз на необележано и небезбедно место (Охрид-2, Струга-9, Кичево-4). Во Охрид, санкционирани се 7 возачи на моторни возила кои не пропуштиле пешаци на обележан пешачки премин.     На 28.09.2022 во 20:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Е.Т.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонски војски“ била касната од куче скитник. дма/

Остани поврзан