• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - На 01.06.2022, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода А.А.(28) и 17-годишен малолетник, двајцата од с.Градец, виничко. Во 19.30 часот на излезот од с.Градец, полициски службеници од ОВР Виница запреле патничко возило „опел фронтера“, без регистарски таблички, управувано од малолетникот, а сопатник бил  А.А., кое било натоварено со огревно дрво без соодветна документација. Полициски службеници го одзеле возилото со дрвната маса за понатамошна постапка.  Запознаен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Виница и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. На 01.06.2022 во 20.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Џ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.06.2022 во 14.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.06.2022 околу 20.30 часот на ул.„Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Г.(19) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. На 01.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 22 возачи, од кои 12 санкции се изречени на територија на Битола, 3 на територија на Прилеп и 7 санкции во  Ресен. На 01.06.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 9 надвор од  населено место и 6 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас и 7 за непрописно паркирање. На 01.06.2022 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“, патничко возило „шкода фабиа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30)  удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.  Увид извршила екипа од СВР Скопје. На 01.06.2022 во 15.20 часот во Полициската станица Шуто Оризари, А.И.(26) од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ била касната од куче скитник. На 01.06.2022 во 15.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Штип, патничко возило „алфа ромео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(30) од Република Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Т., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. На 01.06.2022 во Полициската станица Драчево, Д.А.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник. На 01.06.2022 околу 17.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, после местото викано „Кула“, патничко возило „сангјонг корандо“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.С.(34) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. оџ/

Остани поврзан