Матуиди раскина со Јувентус, оди кај Бекам во Мајами
- Според италијанските медиуми, 33-годишниот играч од средниот ред ќе ја продолжи кариерата во МЛС, во тимот на Мајами предводен од Дејвид Бекам.
Торино, 12 август 2020 (МИА) - Францускиот фудбалер Блеиз Матуиди меѓусебно го раскина договорот со Јувентус, потврди италијанскиот шампион.
Според италијанските медиуми, 33-годишниот играч од средниот ред ќе ја продолжи кариерата во МЛС, во тимот на Мајами предводен од Дејвид Бекам.
Матуиди дојде во Јувентус летото 2017 година од Пари Сен Жермен.
Тој освои пет трофеи со клубот од Торино - три титули во Италија, еден Куп на Италија и Суперкупот на Италија.
Тој одигра вкупно 133 натпревари во дресот на „старата дама“ во Торино.
Матуиди го освои Светскиот куп во Русија 2018 година со француската репрезентација.