• сабота, 16 ноември 2024

Матијас де Лихт ќе го носи дресот со број 4 во Баерн Минхен

Матијас де Лихт ќе го носи дресот со број 4 во Баерн Минхен
Минхен, 19 јули 2022 (МИА) - Баерн Минхен потпиша договор со дефанзивецот Матијс де Лихт од италијанскиот Јувентус, а играчот ќе го носи дресот со број 4, објави клубот. Дваесет и двегодишниот холандски интернационалец останува во Минхен до 30 јуни 2027 година. - Матијас де Лихт беше главна мета за нас. Со овој потпис, големите цели кои ги имаме се остварливи. Идното лице на нашиот тим сè повеќе се обликува, рече претседателот на Баерн, Херберт Хајнер. Извештаите во германските медиуми велат дека Баерн за обезбедување на холандскиот централен дефанзивец издвоил 70 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси. - Задоволен сум што сум фудбалер на овој одличен клуб. За време на преговорите, почувствував поддршка од раководството на тимот, од тренерот и од одборот на директори. Сето ова ме убеди да го завршам трансферот во Баерн Минхен, рече де Лихт, цитиран на веб-страницата на клубот. ар/бак/

Остани поврзан