• петок, 05 декември 2025

Марко Митев по пауза од 7,5 месеци повторно на терен

Марко Митев по пауза од 7,5 месеци повторно на терен

Скопје, 4.ноември 2025 (МИА) – Ракометарот на Алкалоид и македонски репрезентативец Марко Митев по пауза поради повреда повторно е на теренот. Тој на дуелот меѓу Словенија и Македонија одигран на 16.март во Копер во рамки од квалификациите за ЕХФ ЕП 2026 ги повреди лигаментите на десното колено.

Митев е во составот на денешниот натпревар на неговиот тим Алкалоид против Струга во рамки на 10.коло од Супер лигата.

Надвор од теренот ракометарот беше 7,5 месеци, а враќањето е секако добредојдено како за Алкалоид така и за македонската репрезентација која во јануари 2026 година ќе учествува на Европското првенство. мн/

Фото: РФМ

Остани поврзан