• петок, 05 декември 2025

Маркоски: Сакаме позитивен старт во европските натпревари

Маркоски: Сакаме позитивен старт во европските натпревари

Шомботели, 9.јули 2025 (МИА) - Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА Работнички од Скопје утре во унгарскиот град Шомботели го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло. Противник им е белорускиот тим Торпедо Белаз, а поради близината на воената состојба овој натпревар се игра на неутрален терен. 

- Време е за европскиот предизвик. Се подготвувавме за ова, го анализиравме противникот. Торпедо-Белаз е квалитетен тим, но ние сакаме позитивно да го стартуваме ова европско лето. Верувам во тимот, ќе сториме сѐ да оствариме посакуван резултат и реваншот во Скопје по седум дена да го дочекаме со еден чекор поблиску до пласман во следното квалификациско коло. Работнички по седум години е повторно во Европа и тоа дополнително нѐ мотивира да дадеме и повеќе од максимум и на двата натпревар, изјави на прес конференцијата тренерот на Работнички Бојан Маркоски.

Натпреварот Торпедо Белаз - Работнички се игра на стадионот Халадаш, а почетокот е во 20 часот.    мн

Фото: Фејсбук ФК Работнички

Остани поврзан