• понеделник, 08 јули 2024

Маркез доби зелено светло за учество оваа недела на ГП на Андалузија

Маркез доби зелено светло за учество оваа недела на ГП на Андалузија
Херез, 23 јули 2020 (МИА) - Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез доби дозвола да се натпреварува во Гран при на Андалузија овој викенд, помалку од една недела откако доби скршеница на десната рака за време на Гран-при на Шпанија. Шпанецот беше подложен на операција во вторникот во Барселона, а според најоптимистичките прогнози на лекарите, Маркез би можел да се вратил на Гран-при на Чешка за две недели. Од екипата на светскиот шампион Репсол Хонда, беа дури толку сигурни дека Маркез нема да учествува овој викенд, што уште во неделата по првата трка на „Херез“, тимот на Шпанецот ја собра целата опрема што ја користи Шпанецот, и неговата механика. Сепак, сите тие денес требаше да се вратат во Херез, а екипата на другиот пилот на тимот, Алекс Маркез, ја распакува опремата на Марк утрово. Покрај Марк Маркез, овој викенд им беше дозволено да учествуваат и Кал Кручлоу и Алекс Ринс, кои исто така се здобија со повреди за време на ГП на Шпанија минатата недела и ја пропуштија самата трка на „Херез“.

Тагови

Остани поврзан