• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ: Квалитетни судски реформи и дигитализација за европско и модерно судство

Маричиќ: Квалитетни судски реформи и дигитализација за европско и модерно судство

Скопје, 12 јуни 2022 (МИА) - Внимателност и упорност во процесот на реформите во правосудството се клучни за граѓаните. Ова е пораката што вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја испрати во видеообраќање на европскиот Самит за дигитализација, на тема „Придобивките од четвртата индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во судството“.

Во своето обраќање, Маричиќ истакна дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност и мора да биде приоритет во реформите во правосудството. - Со првите опремени судници и овозможувањето на судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално. Дополнително ставањето во функција на дигиталните услуги за добивање потврди од казнената и прекршочна евиденција, направен е чекор напред во забрзување на овој комплексен процес, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност на правосудниот систем, како и заштеда на време и пари, рече Маричиќ. Нагласи дека Владата покажала искрена и силна заложба и посветеност во европеизацијата на земјата и изрази очекување за продолжување на соработката и поддршка од сите чинители на правосудниот систем, јавните институции, од меѓународните партнери и невладиниот сектор во спроведувањето на реформската агенда, со крајната цел враќање на довербата на граѓаните во судството и побрзо исполнување на стандардите и критериумите на најважниот и најкомплексниот Кластер во преговорите со Унијата, Кластерот Темели. Во своето обраќање, вицепремиерот Маричиќ заклучи дека е потребно судските реформи да работат во корист на граѓаните, како и да се продолжи со цврсти чекори кон постигнување на целосно или барем приближување на идеалот за владеење на правото, како што постои во повеќето земји од ЕУ. ки/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан