• среда, 03 јули 2024

Маричиќ: За само 12 часа попишани се 91.681 лица

Маричиќ: За само 12 часа попишани се 91.681 лица
Скопје, 5 септември 2021 (МИА) - За само 12 часа попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови што претставува повеќе од успешен почеток на пописот, објави вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук. -Граѓаните и попишувачите соработуваат одлично на терен. Посебно сум задоволен што се почитуваат сите здравствени протоколи и дека граѓаните се среќни што можат директно да придонесат за доброто на државата, пишува Маричиќ. бк/

Остани поврзан