Манчестер сити и Интер изборија четвртфинале во Лигата на шампионите
- Екипите на Манчестер сити и на Интер се пласираа помеѓу осумте најдобри во елитнто фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите. Ова е епилогот по двата вечерашни реванша од осминафиналната фаза.
Манчестер, 14 март 2023 (МИА) – Екипите на Манчестер сити и на Интер се пласираа помеѓу осумте најдобри во елитното фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите. Ова е епилогот по двата вечерашни реванши од осминафиналната фаза.
Манчестер сити на домашен терен со убедливи 7:0 го победи Лајпциг и со вкупни 8:1 оди во четвртфинале. Натпреварот го одбележа Норвежанецот Ерлинг Халанд кој постигна пет погодоци.
Многу понеизвесно беше во Порто, каде истоимената домашна екипа и Интер одиграа без голови, 0:0. Италијанскиот клуб благодарение на победата со 1:0 на првиот дуел оди во следната рунда.
Досега пласман во четвртфиналето на ЛШ обезбедија: Манчестер сити, Интер, Баерн, Милан, Бенфика и Челзи.
Последните два патника во четвртфиналето ќе бидат познати утревечер по средбите: Наполи – Ајнтрахт Франкфурт (2:0 прв натпревар) и Реал Мадрид – Ливерпул (5:2 прв натпревар). зс/
Фото: ЕПА