• среда, 04 февруари 2026

Манифестација „Спортист на годината 2025“: ОУ „Никола Карев“ од Кочани прогласено за најуспешно училиште на полето на спортот во државата за 2025 година

Манифестација „Спортист на годината 2025“: ОУ „Никола Карев“ од Кочани прогласено за најуспешно училиште на полето на  спортот во државата за 2025 година

Кочани,30 јануари 2026 (МИА) - Основното училиште „Никола Карев“ од Кочани е прогласено за најуспешно училиште во Македонија на полето на спортот за 2025 година. Училиштето го доби признанието на манифестацијата „Спортист на годината 2025“, што се одржа синоќа во Скопје во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации.

Во изминатата 2025 година женската екипа на „Никола Карев“ на училишното првенство стана државен првак во фудбал, а момчињата од футсал-екипата го освоија третото место.

Во поединечна конкуренција училишни државни прваци во борење слободен стил во своите категории станаа Даријан Павлев и Едис Билалов, а третопласирани се Мартин Цветков и Џејсон Горгиев. На државното првенство во шах Матеј Диванисов исто така дојде до третата позиција.

- Му благодарам на Министерството за спорт што ги препозна спортските постигнувања на нашите ученици. Зад сето ова стои целиот колектив, но и ангажман за развој на училишниот спорт, кој во континуитет трае подолг период. Наградата им ја посветуваме на настрданите во трагедијата од 16 март минатата година - рече Александар Андов, директор на кочанското ОУ „Никола Карев“ по примањето на признанието за најуспешно основно училиште во спортот за 2025 во Македонија. ис/сст/

фото: ОУ „Никола Карев“

Остани поврзан