• сабота, 16 ноември 2024

Максимални 20 години затвор за Американката која раководела со женски баталјон на Исламската држава

Максимални 20 години затвор за Американката која раководела со женски баталјон на Исламската држава
Вашингтон, 1 ноември 2022 (МИА) - Американката Алисон Флук-Екрен (42) е прогласена виновна по обвиненијата дека раководела со женскиот баталјон на организацијата „Исламска држава" (ИД) во времето кога живеела во Сирија, за што и е изречена максимална затворска казна во времетраење од 20 години. Флук-Екрен на судското рочиште се изјасни „виновна“ по обвиненијата што и се ставааа на терет, дека ја предводела „Хатиба Нусајба“ формацијата на ИД, во која стотици жени и малолетни девојчиња биле обучувани да ракуваат со автоматско оружје и да вршат самоубиствени напади со појаси со експлозив. Во изјавите што ги даваше пред Судот таа ја презеде одговорноста за своите постапки и ангажманите во Сирија, Ирак и Либија, но поголемиот дел од времето го потроши обидувајќи се да го оправда своето однесување. аб/

Остани поврзан