Макрон: Референдумите во укранските области уште една провокација на руската страна
- „Тоа нема правна основа“. Самата идеја за организирање референдуми на територии што се во војна ... е знак на цинизам. Да не беше трагично ќе беше смешно“, изјави Макрон пред обраќањето на Ге
Њујорк, 20 септември 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече дополнителна провокација плановите за спроведување „лажни референдуми“ на украинските териториите окупирани од Русија.
- Тоа нема правна основа. Самата идеја за организирање референдуми на територии што се во војна ... е знак на цинизам. Да не беше трагично ќе беше смешно, изјави Макрон пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Тој јасно стави до знаење дека Русија мора да ја напушти Украина и да ги почитува меѓународно признаените граници, како и дека референдумските изјаснувања нема да имаат никаква правна важност.
Францускиот претседател уште истакнал дека планира некој од наредните денови телефонски да разговара со рускиот колега Владимир Путин. аб/сп/