• петок, 22 ноември 2024

Макрон ги повика најголемите светски загадувачи да ги исполнат своите обврски

Макрон ги повика најголемите светски загадувачи да ги исполнат своите обврски
Глазгов, 1 ноември 2021 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика најголемите светски загадувачи веднаш да почнат да ги исполнуваат своите обврски за намалување на емисиите на јаглерод. Макрон го бранеше наследството од Парискиот договор од 2015 година, но исто така призна дека земјите се далеку од исполнување на нивните ветувања да го задржат глобалното затоплување на 1,5 степен од индустриската ера. - Знаеме дека сè уште не сме таму, рече тој на конференцијата за клима на Обединетите нации во Глазгов. Според него, клучно за следните 15 дена е најголемите загадувачи да ги зголемат своите амбиции. - Тоа е единствениот начин да ја направиме нашата стратегија кредибилна … и 1,5 степен да ја направиме веродостојна бројка, истакна Макрон. Истакнувајќи дека автохтоното население е првата жртва на климатските нарушувања и оти нациите во Африка, Пацификот и на Карибите се особено погодени, тој ги повика богатите земји да ја забрзаат фундаменталната трансформација на начинот на кој тргуваат и инвестираат. јт/

Остани поврзан