• недела, 22 декември 2024

Македонски државјанин уапсен во Косово при обид да продаде 96 илјади фалсификувани долари

Македонски државјанин уапсен во Косово при обид да продаде 96 илјади фалсификувани долари

Приштина, 30 март (МИА) - Управата за борба против стопански криминал и корупција при полицијата на Косово соопшти дека во петокот вечерта, во соработка со други безбедносни институции, спровела оперативен план за спречување на внесување фалсификувани пари во Република Косово, при што уапсила државјанин на Република Северна Македонија при обид да продаде 96 илјади фалсификувани американски долсри, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од страна на истражното одделение соопштија дека осомничениот македонски државјанин И. Д. (1970 година) бил фатен на дело при обид да ги пушти во оптек 96-те илјади американски долари, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На приведениот му е одреден притвор од 48 часа.

Полицијата соопшти дека осомничениот продавал 100 фалсификувани долари за 40 евра.

-Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 американски долари во вкупна вредност од 96.000 американски долари, возило користено во случајот од пријавениот и мобилен телефон, соопшти косовската полиција.иа/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан