• недела, 10 ноември 2024

Македонски дизајнерски и занаетчиски производи на престижен интернационален фестивал во Љубљана

Македонски дизајнерски и занаетчиски производи на престижен интернационален фестивал во Љубљана

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Како резултат на соработката помеѓу Лаб дизајн маркет и Big SEE од Љубљана, македонските дизајнери и занаетчии кои се застапени во скопскиот маркет викендов групно ќе се претстават на интернационалниот настан „BIG Design Ljubljana 2024“.

Од 10 до 12 октомври улиците во центарот на Љубљана, Словенија, ќе се трансформираат во интерактивен изложбен простор. Како дел од меѓународно познатиот фестивал „BIG Design Љубљана“ ќе бидат прикажани дизајни од еден од најкреaтивните региони во светот - југоисточниот дел од Европа. Значајни имиња во светот на дизајнот ќе дојдат во Словенија за да бидат дел од овој настан кој ја прославува креативноста.

Фестивалот ќе започне со отворање на изложбата BIG Design утре во 12 часот пред Градското собрание на Љубљана, во кој ќе учествуваат над 40 излагачи меѓу кои и од креаторите од заедницата на Лаб дизајн маркетот. 

Своите најнови производи и колекции ќе ги претстават нашите учесници: Армма, Лудус, Мамка, Микка, Маринов, Елена Ристовска, Ксенија Котев, Дана Андо, Епокси, Номад, Ле Бренд, Сербез и Солар, информираат од Лаб дизајн маркет. вг/

Фото: Биг Дизајн Љубљана

Остани поврзан