Македонските јуниорки денеска против Романија стартуваат на ЕП во кошарка
- Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска против Романија го почнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ чиј домаќин е литванскиот град Алитус.
Алитус, 4 јули 2025 (МИА) – Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска против Романија го почнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ чиј домаќин е литванскиот град Алитус.
Македонија е дел од групата А во која за противници ќе ги има и селекциите на Германија, Шведска и Ирска.
Воведниот натпревар на македонската репрезентација е закажан за точно напладне во арената во Алитус, по што во деновите од викендот ќе следат пресметките против Германија и Шведска.
Во завршното коло од групната фаза Македонија в среда ќе игра против Ирска. ег
ФОТО: КФСМ