Македонските фудбалерки против Косово и Летонија во Лигата на нации
- Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра против Косово и Летонија во рамки на групата Ц 6 од втората сезона во Лигата на нации, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Нион, 7 ноември 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра против Косово и Летонија во рамки на групата Ц 6 од втората сезона во Лигата на нации, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Натпреварите од групната фаза ќе се играат во февруари, април и јуни 2025 година, а пласман во повидок ранг ќе обезбедат првопласираните репрезентации во шесте групи во Ц дивизијата, додека двете најдобро второпласирани селекции ќе играат плејоф.
Селекторот на македонската репрезентација Александар Андов ја оцени денешната жрепка како поволна.
„Морам да признаам дека добивме група по мерка. Се работи за противници кои ни се добро познати и со кои бевме во група во изминатите два циклуса. Мислам дека сега е вистинското време да го направиме тој чекор напред и да успееме да го освоиме толку посакуваното прво место во групата. Верувам дека можеме, умееме и имаме квалитет за такво нешто“, истакна Андов в изјава за официјалниот сајт на ФФМ. ег
ФОТО: ФФМ