• понеделник, 23 декември 2024

Македонските ракометарки со три порази ја завршија групната фаза на МИ

Македонските ракометарки со три порази ја завршија групната фаза на МИ
Оран, 2 јули 2022 (МИА) – Со три порази на исто толку натпревари, женската македонска ракометна репрезентација заврши на последното место во Б-групата на Медитеранските игри во Алжир. Попладнево „црвено-жолтите“ загубија од Португалија со 19:17 (полувреме 13:11). Во полуфиналето од оваа група се пласираа Србија и Португалија, додека Турција ќе игра за пласман на петтото место. На машкиот дел од турнирот, македонската репрезентација го чека исходот на вечерашниот натпревар Шпанија – Алжир. Во случај на победа на Шпанците, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе игра во полуфиналето. зс/

Остани поврзан