Македонските ракометарки по втор пат поразени од Словенија
- Македонската женска репрезентација вечерва загуби од селекцијата на Словенија со 27:20 во четвртиот свој натпревар од EHF EURO CUP. За „црвено-жолтите“ ова е четврти пораз во групата и втор п
Скопје, 6 март 2022 (МИА) – Македонската женска репрезентација вечерва загуби од селекцијата на Словенија со 27:20 во четвртиот свој натпревар од EHF EURO CUP. За „црвено-жолтите“ ова е четврти пораз во групата и втор последователен од словенечката репрезентација.
Натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ имаше две различни полувремеиња. Во првите 30 минути, Македонките прикажаа добра игра и до пред паузата имаа 11:11, за на полувреме да се отиде со 13:11 за Словенките.
Во вториот дел, гостинките беа многу подобри и заслужено стигнаа до победата.
Најефикасна во македонскиот национален тим беше Сара Ристовска со седум голови.
Кај Словенките се истакна Ана Грос исто така со седум погодоци.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во април против Норвешка ќе ги одиграат последните два натпревара од Евро Купот.
На табелата води Норвешка со 8 бода, Словенија и Црна Гора имаат по 4, Македонија е последна без освоен бод. зс/