Македонските пингпонгари го имаа првиот настап на меѓународниот турнир
- Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ денеска стартуваа мечевите на меѓународниот пингонгарски турнир од светски ранг Контендер Скопје 2025
Скопје, 5.септември 2025 (МИА) – Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ денеска стартуваа мечевите на меѓународниот пинпонгарски турнир од светски ранг Контендер Скопје 2025.
Македонските претставници имаа настапи во поединечна конкуренција, како и во мешани двојки. На турнирот настапуваат пингпонгари и пингпонгарки во две возрасни категории – до 15 и до 19 години. На турнирот настапуваат повеќе од 100 учесници.
Натпреварите ќе се одржуваат до недела, а почетокот во деновите од викендот е во 9:30 часот. Влезот во салата е слободен. мн/
Фото: Пинг понг федерација