Македонските кошаркари тренираа во Баку
- Македонските кошаркари по победата над Луксембург во петокот веќе се пред нов предизвик од претквалификациите за Евробаскет 2029 и гостинскиот натпревар против Азербејџан
Баку, 1.март 2026 (МИА) – Македонските кошаркари по победата над Луксембург во петокот веќе се пред нов предизвик од претквалификациите за Евробаскет 2029 и гостинскиот натпревар против Азербејџан.
Избраниците на македонскиот селектор Шпанецот Жозеп Марија Берокал утрово го имаа и првиот тренинг во Баку во салата каде утре ќе се игра натпреварот.
Македонскиот национален тим е прв во групата со три победи од исто толку натпревари, а на првиот натпревар во Скопје го совлада Азербејџан со 87:49 и сега се очекува фаворитската улога да ја потврди со нова победа во овие претквалификации. мн/
Фото: Фејсбук МКФ