Македонскиот шахист Емил Ристески триумфира на турнир во Австрија
- Најмладиот македонски шаховски Интернационален мајстор, Емил Ристески, победи на турнирот „Обербанк Челенџер Опен“ што минатата седмица се играше во Линц, Австрија.
Линц, 28 јули 2025 (МИА) - Најмладиот македонски шаховски Интернационален мајстор, Емил Ристески, победи на турнирот „Обербанк Челенџер Опен“ што минатата седмица се играше во Линц, Австрија.
Илиевски кој е член на ШК Алкалоид, со биланс од шест победи и три реми го освои првото место на табелата освојувајќи 7,5 поени од 9 партии.
Ристески трофејот го обезбеди со две победи против директните конкуренти за првото место, ИМ Лукас Лајш (2.417) и ВМ Гералд Хертнек(2.440), кои што по ваквиот расплет се најдоа на делба на второто место со 7 поени.
- Од самиот почеток бев во добра форма и го одиграв целиот турнир без притисок, што на крајот се покажа како клучно за добар резултат. На турнирот отпатував со цел да го освојам првото место, па кога го победив интернационалниот мајстор Лукас Лајш, кој во тој момент имаше 5 поени од 5 партии, а јас половина поен помалку, почувствував дека навистина имам сериозни шанси за триумф. Генерално, нивото на мојата игра беше високо и навистина сум задоволен и од начинот на кој одиграв, и секако – од резултатот.
Со овој извонреден резултат Емил освои и нови 16 рејтинг поени, откако на турнирот влезе со 2.374 поени.
Ристески до своите најголеми успеси во кариерата стигна со поддршката на својот тренер ВМ Трајко Недев, кој овој викенд го водеше и подготвителниот камп за ШК Мулти Есенс што се одржа во Битола. Сепак, обајцата ќе се најдат во првиот тим на ШК Алкалоид на претстојното екипно државно првенство кое ќе се игра во Струмица. зс/
Фото: Фејсбук