• петок, 05 декември 2025

Македонска делегација на Европската младинска конвенција во Малта: Поддршка за младите и нови европски партнерства

Македонска делегација на Европската младинска конвенција во Малта: Поддршка за младите и нови европски партнерства

Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Делегацијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, предводена од директорот Петар Богојески, заедно со претставници од граѓанскиот сектор, учествува на 4-та Европска конвенција за младинска работа што се одржува во Валета, Малта, што се одржува од 27 до 30 мај 2025 година.

Овој значаен настан, под покровителство на Советот на Европа и Европската комисија, велат од Агенцијата, претставува важна можност за размена на искуства, визии и политики кои го обликуваат европското младинско поврзување и политиките на ЕУ во областа за следните 5 години.

-Во рамки на Конвенцијата, остварени се низа билатерални средби со Национални агенции од земјите членки на ЕУ, како и со високи претставници од Европската комисија, г-ѓа Марта Тојкова, шеф на секторот за младинска политика во Европската комисија и господин Харалампие Папајоани, политички офицер во Директорат за образование, млади, спорт и култура при Европската комисија, со кои дискутиравме за продлабочување на соработката и нови можности за младите од Македонија, соопштија денеска од Националната агенција. 

Гордост е, велат, да бидеме активен чинител во европските процеси и да ги застапуваме интересите на младите, образовните институции и граѓанскиот сектор на меѓународна сцена. сст/са/

Фото: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Остани поврзан