• четврток, 19 декември 2024

Македонија ЃП елиминирана во УЕФА Конференциската лига

Македонија ЃП елиминирана во УЕФА Конференциската лига

Софија, 28 јули 2022 (МИА) – Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров претрпеа убедлив пораз вечерва во Софија од ЦСКА од 4-0 (1-0) во реваншот во 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига и по минатонеделните 0-0 во Скопје го завршија настапот во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Бугарскиот тим дојде во водство по половина час игра преку холандскиот интернационалец Јирген Матеиј, а водството на домаќините го удвои Георги Јомов во 61 минута.

Домаќините го заверија пласманот во следното квалификациско коло со два гола во завршницата преку Лазар Туфекџиќ (78) и Диксон Назон (87).

Елиминација во 1. квалификациско коло во Конференциската лига претходно претрпе Академија Пандев во пресметката со полска Лехија, додека третиот македонски претставник во ова натпреварување, Шкендија, вечерва во Скопје го игра реваншот против Валмиера од Летонија. ег/свс/

Остани поврзан