• петок, 05 декември 2025

Северна Македонија по прва победа во претквалификациите за СК 2027

Северна Македонија по прва победа во претквалификациите за СК 2027

Солнок, 9.август 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија попладнево ја очекува вториот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Македонија гостува кај Унгарија и по стартниот пораз во Куманово од Романија првата победа ќе се „брка“ на гостински терен.

Селекторот Марјан Илиевски за Унгарија, а потоа и за Романија ги однесе истите 15 играчи кои беа и во комбинација за дуелот во Куманово. 

-  Против Унгарија, треба да се држиме до планот, да играме агресивно во одбраната. И најбитно, да заградуваме под кошевите, бидејќи тоа беше најголемиот минус, зошто го загубивме натпреварот против Ромнија. Секако дека очекувам победа, бидејќи верувам дека можеме повеќе да дадеме. И мислам дека од тренинг во тренинг растеме како екипа бидејќи сме нова, млада екипа, така што  очекувам се подобри и подобри резултати понатаму, изјави еден од најмладите во составот Андреј Митревски.

Натпреварот се игра „Тисалигети“ Арена во Солнок, а ќе го судат Хулио Анаја од Панама, Александар Глишиќ од Србија и Мартин Вулиќ од Хрватска.    мн/

Фото: Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Остани поврзан