• вторник, 19 ноември 2024

Мадуро: Опозицијата сака да изврши пуч во државата

Мадуро: Опозицијата сака да изврши пуч во државата

Каракас, 29 јули 2024 (МИА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека опозицијата се обидува да изврши „пуч“ по спорните избори.

„Тие се обидуваат во Венецуела повторно да извршат државен удар од фашистички и контрареволуционерен карактер“, рече Мадуро на настан во Националниот изборен совет (ЦНЕ), кој го прогласи за победник на изборите одржани еден ден претходно. Опозицијата прогласи победа на претседателските избори и не го признава  неговиот реизбор за нов шестгодишен мандат. зш/

Остани поврзан