• петок, 05 декември 2025

Магдевски: Секоја репрезентација заслужува почит

Магдевски: Секоја репрезентација заслужува почит

Скопје, 8.септември 2025 (МИА) – Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Андреј Магдевски се осврна на ривалите кои нашата репрезентација ги доби во претквалификациите за Евробаскет 2029. За ривали македонските кошаркари ги добија: Ирска, Луксембург и Азербејџан.

Не не чека лесен пат, затоа што репрезентациите на Ирска, Азербејџан и Луксембург кои ни се ривали во групата, заслужуваат почит. Во последните години вложуваат и напредуваат во кошарката. Искрено се надевам дека сите ќе бидеме здрави, без повреди во ноември и овие претквалификации ќе ги стартуваме со позитивен скор, изјави Магдевски.

Според распоредот во првото коло нашата репрезентација е домаќин на Азербејџан, а потоа гостува на Ирска. Во третата рунда сме домаќини на Луксембург, а потоа гостуваме на Азербејџан, последниот домашен натпревар го играме против Ирска, а во последното гостуваме на Луксембург. Првото коло се игра на 27.ноември 2025 година, а последното коло на 5.јули 2025 година. мн/

Фото: КФМ

Остани поврзан