• петок, 22 ноември 2024

Лукаревска: Гласот за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, европско Тетово

Лукаревска: Гласот за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, европско Тетово
4 август 2022 Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска попладнево беше меѓу граѓаните на Тетово.На средбите со граѓаните, заменик претседателката Лукаревска истакна дека Советот во секоја општина е важно тело кое носи одлуки за иднината и затоа е важно тој да биде составен од чесни, докажани и угледни индивидуи и дека токму такви се кандидатите за советници на советничката листа на СДСМ и коалицијата.Лукаревска посочи дека Владата предводена од СДСМ досега инвестирала во бројни капитални проекти што го унапредуваат квалитетот на живот на тетовчани и дека тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, повикувајќи ги граѓаните на изборите на 20 август да го дадат својот глас за советничката листа на СДСМ и Коалицијата. „Глас за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, модерно, европско Тетово кое обезбедува шанси за сите подеднакво, затоа на 20 август на дадеме поддршка на овие докажани, чесни и угледни кандидати кои се подготвени да работат посветно и домаќински за својот град, за својата општина“ заклучи Лукаревска.   СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан