• понеделник, 23 декември 2024

Луис се согласи на сериозно намалување на платата во Арсенал

Луис се согласи на сериозно намалување на платата во Арсенал
Лондон, 28 јуни 2020 (МИА) - Бразилскиот дефанзивец на Арсенал, Давид Луис, се согласил на значително помала плата со цел да потпише нов договор со „топџиите“, јавува „Телеграф“ на своите страници. Поранешниот играч на Челси и ПСЖ го продолжи договорот, иако беше остро критикуван за неговиот настап во дербито со Манчестер Сити. Сепак, финансиската криза што ги зафати екипите поради пандемијата Ковид-19 ги ​​принуди да донесат некои необични одлуки и сериозно да ги ограничат износите што ќе бидат потрошени во следниот трансфер прозорец. „Телеграф“ објави и дека намалувањето на платата на Луис довело до можноста „топџиите“ да понудат нови договори на Седрик Соарес и Пабло Мари.

Тагови

Остани поврзан