• четврток, 27 јуни 2024

Луис по победата над Сити: Работев напорно секој ден по секоја грешка

Луис по победата над Сити: Работев напорно секој ден по секоја грешка
Лондон, 19 јули 2020 (МИА) - Фудбалерите на Арсенал изненадувачки го совладаа Манчестер Сити со резултат 2:0 во полуфиналето на ФА Купот. Во претходниот натпревар од Премиер лигата, лондонскиот тим го совлада и шампионот, екипата на Ливерпул. Еден од најдобрите играчи во тимот на Микел Артета беше Давид Луиз, искусен дефанзивец, кој со месеци беше критикуван за неговата лоша форма. - Работев напорно секој ден по секоја грешка. Бев скромен и смирен, работев уште посилно и работев за тимот, истакна Луис. Поранешниот играч на Челси, исто така, истакна дека тимскиот дух на Арсенал е извонреден. - Го заслуживме тоа, целиот тим се бранеше, не само последната линија. Секој треба да се бори за секоја топка, посочи Бразилецот. Тој исто така изјави дека Сити е „милји далеку од Арсенал“. - Одличен резултат против една од најдобрите екипи во светот. Бевме скромни, го разбиравме начинот на кој треба да играме и ги искористивме своите противници. Треба да бидеме зрели и да бидеме свесни во која фаза од процесот се наоѓаме. Имаме неверојатен менаџер, Микел Артета, но не можеме да скокнеме од 0 на 100. Ние напредуваме, истакна Луис.

Тагови

Остани поврзан