• недела, 22 декември 2024

Лудвиг: Напаѓачите во Виена пукале кон луѓето во баровите

Лудвиг: Напаѓачите во Виена пукале кон луѓето во баровите
Виена, 2 ноември 2020 (МИА) - Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб, вечерва објави дека напаѓачите во центарот на Виена пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата. - Пукано е во луѓето во баровите, особенокон оние кои седеле во бавчите“, рече Лудвиг, додавајќи дека е запрепастен од нападот. Тој истакна дека постои тесна соработка меѓу полицијата и градските власти и организации со цел да се пронајдат напаѓачите. Градоначалникот информира дека еден од напаѓачите е убиен и дека се проверува неговиот идентитет, како и дека се проверуваат информациите дека носел појас со бомба. Лудвиг рече дека меѓу убиените има и еден цивил и дека има 15 ранети. паг/

Остани поврзан