Локални избори: Рама со кандидати во 61 општина, Бериша свои кандидати ќе има во 54, Мета во четири, Дуле во три општини
- Иако крајниот рок за доставување на кандидатските листи до Централната изборна комисија на Албанија, за локaлните избори на 14 мај, е 25 месецов, главните политички ривали веќе ги потврдија листите за градоначалници во 61 општина.
Тирана, 21 март 2023 (МИА) - Иако крајниот рок за доставување на кандидатските листи до Централната изборна комисија на Албанија, за локaлните избори на 14 мај, е 25 месецов, главните политички ривали веќе ги потврдија листите за градоначалници во 61 општина.
Владејачката Социјалистчка партија, на актуелниот премиер Еди Рама, која настапува самостојно во сите 61 општина, одлучила од 59 актуелни градоначалници, само осум од нив нема да бидат дел од трката на 14 мај. Меѓу новите кандидати се и двајца актуелни пратеници, Бесјан Ајази, кој е кандидат за градоначалник на Грамш и Бенет Беци за Скадар.
Меѓу 51-от градоначалник, кои повторно ќе бидат во трката за градоначалнци се и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и Пали Колефски за градоначалник на единствената македонска општина Пустец.
Во изборната коалиција „Победуваме заедно“, во која, откако ЦИК одби да го регистрира крилото на Сали Бериша „Обнова на ДП“, се Партијата на слободата на Илир Мета, на Партијата за заштита на човековите права (партијата
Грците) на Вангел Дуле и Демохристијанската партија на Ндар Ндока.
Сепак поголемот број од кандидатите или 54 се од редовите на крилото на Бериша, кои настапуваат под логото на партијата на Мета, која има четири кандидати се градоначалник, додека тројца се од партијата на Дуле.
За прв човек на главниот град Бериша го предлага Белинд Келичи, кој доби најголема поддршка на спроведеното гласање меѓу приврзаниците на Бериша, во декември минатата година, по принципот „еден член, еден глас“. Моментно е
пратеник во албанскиот Парламент.
Официјално се уште нема информации за Демократската партија, предводена од Енкелјд Алибеај. вт/рп/