• понеделник, 23 декември 2024

Лога - Буноза: Членството во ЕУ е единстениот пат за напредок

Лога - Буноза: Членството во ЕУ е единстениот пат за напредок

Скопје, 5 септември 2023 ( МИА) - Министерот за правда Кренар Лога оствари кој е во посета на Босна и Херцеговина оствари срдба со својот боснаски колега Давор Буноза, на која се разговараше за заедничките предизвици во областа на правдата и европската иднина на двете држави.

Како што информираа од Министерството за правда, на средбата се дискутираше за реформите во правосудството, владеењето на правото, зголемувањето на транспарентноста и враќањето на довербата во судството, при што беше констатирано дека дека двете земји се соочуваат со слично проблеми.

-Посебно внимание беше посветено на дигитализацијата на судството. Министерот Буноза нè информираше за системот CMS со кој судовите многу успешно работат. Тоа докажува дека кај нив дигитализацијата на судството е поразвиена отколку во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за правда

На крајот,  двајцата министри се согласија дека единствен пат за напредок и остварување на целите за иднината на државата и нашите граѓани е членството во Европската Унија. љм/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан