• понеделник, 23 декември 2024

Лога: Испративме дописи до координаторите на пратеничките групи и до Мицкоски за да се изјаснат за Предлог-законот за амнестија

Лога: Испративме дописи до координаторите на пратеничките групи и до Мицкоски за да се изјаснат за Предлог-законот за амнестија

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) - Министерството за правда во пет наврати испратило допис, по писмен и по електронски пат, во врска со новиот Предлог-закон за амнестија до сите координатори на пратеничките групи, како и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, барајќи да се изјаснат за него.

- Министерството за правда неколку пати испрати дописи до координаторите на политичките партии во Собрание на Република Северна Македонија за да се изјаснат за новиот Предлог-закон за амнестија. Барањата се испратени по писмен и електронски пат на 18 и 20 јули, на 24 август и на 11 и 13 септември. Со предлог-законот преку писмен допис е запознат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели  во објава на Фејсбук министерот за правда Кренар Лога.

Од нив e побарано во најкус можен рок да го разгледаат и да се изјаснат за законското решение, давајќи свои забелешки и сугестии.

- Укажуваме дека состојбата во затворите е алармантна за што посочуваат и бројните меѓународни извештаи кои се занимаваат со ова прашање, како и од страна на Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа, информира министерот за правда.

Тој појаснува дека со амнестијата се очекува да бидат опфатени лица кои се осудени на казна затвор до шест месеци, и оние осудените над шест месеци, кои треба да се ослободат од издржување на 30 отсто од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

- Ги замолуваме сите политички партии да го поддржат овој хуманитарен чин кој е од интерес за граѓаните и да го изгласаат ова законско решение, апелираат од Министерството за правда. ир/лв/

Фото: Скриншот фејсбук-профил на министерот за првада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан