• петок, 06 март 2026

Лишен од слобода скопјанец за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена со која претходно се запознал

Лишен од слобода скопјанец за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена со која претходно се запознал

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Лишен од слобода скопјанец за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена со која претходно се запознал, соопшти Министерството за внатрешни работи.  

-Вчера во 16:55 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишија од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а истата пристигнала од Германија и извршил обљуба, и упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и и го зел нејзиниот мобилен телефон и на 04.03.2026 истата успеала да се јави телефонски на нејзината мајка, истата алармирала во полиција, која пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила, посочуваат од Министерството.

За настанот известен бил и јавен обвинител и од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка. фф/вј/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан