• недела, 15 февруари 2026

Лишени од слобода две лица во Скопје поради прикривање на регистарски ознаки

Лишени од слобода две лица во Скопје поради прикривање на регистарски ознаки

Скопје, 15 февруари 2026 (МИА) - Полицијата лишила од слобода  двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје.

МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик.

- Притоа лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А. кои управувале патнички возила „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 378 и 380 од Кривичниот законик, а констатиран е и еден прекршок по член 80 од Закон за оружје, се вели во информацијата.лв/

фото: МВР 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан