• петок, 05 декември 2025

Лишени од слобода двајца малолетници од тетовско, расчистен случајот сo пукањето во Тетово

Лишени од слобода двајца малолетници од тетовско, расчистен случајот сo пукањето во Тетово

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - На регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во село Гајре, полициски службеници од СВР Тетово вчера утрото лишиле од слобода двајца малолетници од истото село, поради сомнение дека вечерта на 26 на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово.

Како што соопшти МВР, малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. сст/

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан