• недела, 22 декември 2024

Лирман: Ако сакате просперитетна иднина за земјава во ЕУ времето е сега

Лирман: Ако сакате просперитетна иднина за земјава во ЕУ времето е сега

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - Сега се отвора можност за проширување на ЕУ која што е широко отворена. Барањето на ваквата можност со решеност и со државност и со лидерство покажува високо чувство на одговорност за иднината на македонскиот народ и просперитет.  Ве поттикнувам успешно да продолжите на реформската патека. Реформите се во корист на македонските граѓани. Тие го унапредуваат владеењето на правото, ја искоренуваат корупцијата, го промовираат просперитетот и инвестициите и ги подобруваат животните услови на Северна Македонија, истакна германската министерка за Европа, Ана Лирман. 

Таа заедно со државнатa секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“ имаа средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ по што одржаа заедничка прес - конференција. 

Лирман истакна дека е важно да се продолжи на патот сега и оти измените на Уставот ќе ја покажат Северна Македонија како пример за мултиетничко општество.

-Потврдувањето и заштитувањето на малцинствата е темелот на европските права и обврски. Измената на македонскиот Устав ќе ги зацврсти заложбата и посветеноста на Северна Македонија кон европските вредности. Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во Северна Македонија да го поддржат изменувањето на Уставот и да ја поддржат подобрата и попросперитетна иднина за Северна Македонија и македонскиот народ. Се друго ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ, истакна германската министерка.   

Лирман беше децидна дека сега е моментот кога треба да се преземе политичка одговорност и да се дејствува, да се каже „да“ на подобрата иднина, на иднината во ЕУ.  

-Договорот меѓу Северна Македонија и ЕУ е фер, исправен е, нема да има подобра спогодба тоа е сигурно. Иднината на Северна Македонија лежи во вашите раце. Сакаме да ве поттикнеме да се приклучите кон европското семејство и да ги покажете вашата заложба и посветеност кон перспективата во ЕУ и ќе ве поддржиме на патот кон ЕУ секогаш кога можеме, рече таа.   

Според неа, Владата на Северна Македонија е посветена на иднината и таа и нејзините колеги од Вајмарската група ги поттикнуваат сите луѓе и политички актери во земјата да ја поддржат Владата да го презеде овој, како што кажа Лирамн, пресуден чекор кон ЕУ и да ги направи успешни амандманите на Уставот.  

-Сакаме да ви ја дадеме сета неопходна поддршка за успешно да го постигнете процесот на интеграција, рече таа. 

Пораката на Лирман, Бун и Шинковски, како што рече германската министерка е јасна.

-Ја нагласуваме нашата заложба за перспективата на Северна Македонија кон ЕУ. Оддаваме признание за импресивниот напредок што го остваривте и ве поддржуваме на вашиот пат да станете членка на ЕУ. Заедно ќе станеме посилни. Исто така, сакаме да одаддеме признание за вашата непоколеблива посветеност на меѓународната сцена во НАТО, но и во целосното усогласување на заедничката и безбедносната политика на ЕУ. Го нагласуваме вашето чувство на одговорност и посветеност на стабилноста на Западниот Балкан, рече германската министерка.  

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ќе има кажат министрите од Вајмрската тројка на ВМРО-ДПМНЕ, кои се уште се на ставот дека нема да поддржат уставни измени, Лирман рече дека со нетрпение очекува да се сретне со различни партии на опозицијата овде и потенцираше дека нејзината порака е „кристално јасна“.

-Ако сакате просперитетна иднина за земјава, ако сакате иднина во ЕУ времето за тоа е сега затоа што се отвори можност, се појави нова динамика во процесот на пристапување со кандидатски статус за Украина и за Молдавија, дополнителни чекори во процесот на пристапување се наоѓаат на  хоризонтот за есенва, процесот на скрининг, техничкиот процес за Албанија и за Северна Македонија ќе заврши веројатно есенва, така што сега е времето за следните чекори во процесот на пристапување. Нема време за чекање, рече германската министерка. 

Лирман кажа дека сите членови на опозицијата ќе ги праша каква е нивната идеја за иднината на земјава.

-Дали навистина сакате земјава да ја пропушти оваа уникатна можност да се приклучи кон оваа заедница на просперитет на ЕУ и јасно е дека возот на процесот на пристапување и проширувње се движи многу бргу и Северна Македонија не се движи со уставните измени и ќе го пропушти возот и навистина знаеме колку беа посветени луѓето во земјава кон процесот на пристапување, така што мојот аргумент е многу јасен. Јас сум многу посветена Европјанка и многу сум уверена дека Северна Македонија ќе стане осилна во ЕУ, рече германската министерка. 

Пред повеќе од 30 години Германија, Франција и Полска се посветија на т.н. Вајмарска тројка да ги здружат силите во негување на демократијата, просперитетот и безбедноста  низ цела Европа. Во тој дух, како што кажаа тројцата министри се денеска во Скопје. ев/дма/

Фото: МИА 

  

 

Остани поврзан