• петок, 22 ноември 2024

Лион: Францускиот фудбал оди во погрешна насока

Лион: Францускиот фудбал оди во погрешна насока
Лион, 11 мај 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Лион ја критикуваше одлуката за прекинување на сезоната во Лига 1. - Олимпик Лион се уште смета дека францускиот фудбал оди во погрешна насока, се вели во соопштението на клубот. Сезоната во Франција е прогласена за завршена поради пандемијата од коронавирусот и нема да има поголеми спортски настани во таа земја до септември. Шампион е Пари Сен Жермен. Лион инсистира на тоа дека е можно да се дозволи првенството да заврши во август, во, на пример, плеј-оф систем. - Се разбира, под услов да се почитуваат инструкциите дадени од владата, изјавија од Лион.

Тагови

Остани поврзан